Се враќа надежта-можен договор за нафтата
Објавено во: Економија 03 Март, 2016 10:19
Цените на нафтата го продолжија успонот во азиското тргување и покрај зголемувањето на американските залихи.
Трговците се надеваат дека разговорите помеѓу главните произведувачи на „црното злато“ може да резултираат со ограничување на производството.
Според податоците на американската администрација за енергетика, производството на нафта во САД паднало на нешто повеќе од девет милиони барели дневно во неделата до 26 февруари, иако залихите пораснале за очекуваните 10,4 милиони барели.
„Американската „лесна“ нафта WTI за априлските испораки поскапела 13 центи на 34,79 долари за барел, додека цената на нафтата од типот „брент“ за мајски испораки поскапела седум центи на 37,00 долари.
Инвестициониот аналитичар од компанијата „Филип фјучерс“ , Даниел Анг, изјавил дека падот на американското пеоизводство на нафта внело одредена доза на оптимизам на пазарот.
„Судејќи по ова намалување, би можеле лесно да видиме уште поголеми кратења на произвдоството до крајот на годината, дури и за 500 000 барели дневно“, оценува тој.
Плановите на големите произведувачи на нафта, вклучувајќи ја и Русија и членките на ОПЕК , предводени од Саудиска Арабија, за ограничувањето на производството, исто така пружаат одредена поддршка на цените во последните две недели.
Цените на овој енергент кои во јануари паднале близу 13 годишниот минимум на под 30 долари за барел, погодени од хиперпродукцијата и преголемата понуда, постојано се опоравуваат од скоро, бидејќи трговците се охрабрени од фактот дека се во тек разговори за стабилизација на пазарот.
Аналитичарите меѓутоа, се сомневаат дека преговорите ќе имаат краткорочно големо влијание на цените на сировата нафта, кои паднале за околу 70 одсто од средината на 2014 година.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




