Се враќа експресниот воз Скопје - Солун, позната и цената на билетот
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2019 17:15
Железници на РСМ-Транспорт од 15 јуни повторно го воведуваат експресниот воз од Скопје до Белград и до Солун. Возот од македонската метропола кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот, од каде ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори. Железницата сезонава воведува атрактивни цени за повратна карта меѓу Скопје и Солун преку тарифската понуда „Сити стар“ (City Star) за групни патувања.
Па така, ако групата што ќе патува со воз, во идентичен ден, ја сочинуваат пет возрасни патници, цената на повратната карта меѓу Скопје и Солун ќе изнесува 836 денари или 13,5 евра. Ако групата ја сочинуваат пет возрасни лица и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 756 денари или 12,2 евра. Редовната цена на билетите меѓу Скопје и Солун изнесува 12,2 евра во еден правец и 19,5 евра во двата правци по патник. Железничките билети можат да се набават на меѓународната билетара на станицата во Скопје, како и во другите поголеми железнички станици до Гевгелија по кои се движи возот.
Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22:19 часот. Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари (27,6 евра), меѓу Скопје и Загреб ќе може да се патува по цена од 3.653 денари (59 евра), додека цената на картата до Љубљана изнесува 4.643 денари (75 евра) за двата правци. Важна напомена за патниците е дека експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз на „Грчките железници-ОСЕ“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




