18 Декември, 2025
0.0611

Се вртат милиони во нафтената криза, „Лукоил“ отвара нови бензински станици низ македонските градови

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2022 07:48

Добивај вести на Viber

Руската нафтена компанија „Лукоил“ ја проширува мрежата од бензински станици во ера кога растат цените на нафтените деривати и нивната побарувачка. Во изминатите месец дена трговецот со горива регистрирал две нови подружни - две нови бензински станици кои треба да се изградат во градови во кои досега „Лукоил“ не бил застапен.

Станува збор за една бензинска станица на влезот од Струга на улицата Туристичка, додека другата е предвидена на значајната регионална улица Шишка во Кавадарци. „Лукоил“ лани на домашниот пазар продал 84.636 тони гориво.  Компанијата е втора најголема по „Макпетрол“ по продажба на бензински станици. Во 2021 биле продадени 73.833 тони гориво во малопродажба. „Лукоил“ е трет најголем увозник на горива во земјата по Окта и Супертрејд со учество од 7,84 отсто на пазарот.

И покрај фактот што денес значително е променета сопственичката структура во малопродажниот сектор, Макпетрол АД Скопје поседува најголем број на бензински станици и тоа 126. Потоа следуваат Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје со 33 бензински станици, ОКТА Бренд со 27 бензински станици, додека преостанатите околу 186 бензински станици се во сопственост на повеќе други домашни претпријатија. Во Македонија тековно работат околу 372 бензински пумпни станици“, покажува извештајот за 2021 година на Регулаторната комисија за енергетика.

Дел од претпријатијата што поседуваат бензински станици, покрај основната дејност да продаваат горива на своите бензински станици, се јавуваат и како трговци на големо, односно дел од набавените течни горива не ги продаваат преку бензинските станици, туку ги продаваат директно на крајни потрошувачи.

Цените на суровата нафта во текот на 2021 година се зголемија како резултат на олабавувањето на ограничувањата поврзани со ковид-19 пандемијата, зголемувањето на стапките на вакцинација против ковид-19 и растечката економија. Сето тоа резултираше со зголемување на глобалната побарувачка од нафта, при што потребите ја надминаа понудата на нафта на светско ниво. Минатата година земјата и нафтениот сектор, покажаа напредок во закрепнувањето од неповолните ефекти од пандемијата со ковид 19, што беше поддржано од летната и рано есенската туристичка сезона, кои придонесоа за зголемување на сообраќајот и прекуграничните движења.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје