05 Декември, 2025
0.0303

Се вратија добрите стари времиња за богатите

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2013 15:30

Добивај вести на Viber

Три четвртини од милионерите во САД велат дека во моментов, нивната состојба е подобра отколку во 2007 година, кога беше пикот на нивната благосостојба, како и на бројот на милионери, покажува истражувањето на Northern Trust. Според истражувањето, поголем број од милионерите одговориле дека имаат многу поголем принос од своите инвестиции во мометов и како резултат на тоа посочуваат дека во моментот нивната финансиска состојба е подобра отколку пред шест години. Оваа доверба наскоро може да доведе до зголемување на вработеноста.Вкупно 80% од богатите сопственици на компании велат дека планираат да вработат уште службеници или барем да не отпуштаат луѓе во наредните 18 -24 месеци. Еден од пет милионери кои учествувале во истражувањето планира да направи капитални инвестиции како купување на нови компјутери и други технологии во истиот тој период. Милионерите сепак не се толку оптимистички расположени за земјата во целина. Две третини од нив сметаат дека земјата е во полоша ситуација отколку во 2007 година Тие сметаат дека причината за тоа се зголемениот јавен долг и невработеноста, која не се намалува. Речиси една третина од учесниците во анкетата обвинуваат за тоа администрацијата на претседателот Барак Обама. Накратко, милионерите во САД во денешно време сметаат дека напредувале во личниот живот, но се песимистички расположени за ситуацијата во земјата како целина. Во однос на инвестициските цели, повеќе од една третина од богатите инвеститори велат дека се стремат кон зголемување на својот статус.Околу една четвртина од учесниците пак изјавиле дека нивната цел е да се зачува капиталот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: