19 Декември, 2025
0.1065

СЕ ВРАТИВМЕ 11 ГОДИНИ НАЗАД: ФИЧ ја урна розовата слика, има ли чаре?

Објавено во: Економија 24 Август, 2016 08:02

Добивај вести на Viber

Влошениот кредитниот рејтинг на Македонија негативно ќе се одрази врз вкупната економија. Агенција Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија за едно скалило подолу, односно од ББ плус на ББ со негативни изгледи за натамошно надолно ревидирање ако политичката криза нема разрешница. Со тоа сега земјата го има кредитниот рејтингот што го имаше во 2005 година. Екномистите анализраат дека агенцијата за кредитен рејтинг Фич дијагностицирала влошување на здравјето на македонската економија. И според нивната дијагноза ризикот за инвестирање во домашната економија (консекветно мерено преку рејтингот на долгорочните државни обврзници) е на најниско ниво од 2005 година, а изгледите за подобрување на ваквиот рејтинг во догледно време се негативни. Главната причина за влошување на кредитниот рејтинг Фич ја лоцира во политичката криза, но таа пак е последица од сплет на повеќе негативни состојби во општеството. „Изгледите за подобрување на политичката состојба се поврзани со решавањето на негативните општествени појави кои пак главно треба да имаат правно-политичка разрешнца. Еден дел од бизнис секторот е во политичко-економски брак со одредени групации во политиката и нивниот ангажман е поврзан со некаква форма на стабилно политичко владеење. Политичката неизвесност и евентуално влошената ликвидност на државата ќе доведе до влошено работење на овие државни миленичиња“, смета Павле Гацов, претседател на Здружение на даночни експерти. Но, ваквата состојба ќе има влијание и кај потенцијалните странски инвеститори. Односно, може да доведе до одвраќање на некои потенцијални странски инвеститори кои биле во фаза на двоумење при донесување на одлука за инвестиционен влез во Македонија. „Владата впрочем постојано најавува некакви разговори со страански инвеститори. Со влошениот кредитен рејтинг се создадени „здрави“ услови ваквите разговори да се проретчат. Преку системот на врзани садови каква што е секоја економија, па и македонската влијанието на политчко-правната и економска криза се мултиплицира до последниот економски субјект. И токму тоа ја прави неизесна иднината на македонската економија. Засега е јасно дека Македонија нема капацитет овие појави да ги разреши брзо и безболно. Се чини и дека после завршувањето на евентуално договорените избори може да следат денови на политичка нестабилност, без оглед на резултатите од изборите, објаснува Гацов. Секако, кредитниот рејтинг ќе влијае на влошување на условите на задолжување на Македонија на меѓународниот пазар што во иднина ќе се ефектуира преку зголемување на каматната стапка, роковите, бараните обезбедувања, појава на разни форми на условувања.При тоа,  економистите потенцират дека за неколку години Македонија ќе мора да ги врати актуелните надворешни заеми, а со оглед на тоа дека и тогаш ќе мора да се репрограмираат долговите, влошениот кредитен рејтинг ќе го поскапи репрограмирањето на долговите во иднина. „И врапците знаат дека вистински правец на движење би било разрешување на политичката криза и водење на добри економски политики. Засега вакво нешто не е ниту на повидок“, смета Гацов. Дел од економистите пак сметаат дека се потребни дополнителни чекори за да се запре со натамошно влошување на кредитниот рејтинг. Според, Финансе Тинк , потребна е фискална консолидација, односно стаблизирање на буџетскиот дефицот на 3% од БДП, кој пак сега со последниот ребаланс на буџетот се зголеми на 4 % од БДП.  Поголема финансиска транспарентнот, обелдоенување на сите доспеани а неплатени обврски од страна на дрќавата, како и да запре натамошното кратење на капитаните расходи. Сепак, и покрај ваквите предупредувања од страна на економистте, со поседниот ребаланс, дефицитот беше зголемен, а капиталните расходи повторно беа на удар и намалени. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба