22 Јануари, 2025
0.0345

Се за работата на крузер и колкава е заработувачката

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Какви се процедурите за влез на брод во потрага по добра заработувачка? Колку е добра заработувачката? Колку има работа, колку е физичка работата и на крај колку навистина добро се заработува. Се за вработувањето на едно место!

Многу млади луѓе во земјава и регионов, во недостаток од работа на домашен терен се одлучуваат среќата да си ја побараат „надвор“. Постојат бројни солуции - од чување деца па се до тешки физчки работи од градежничкиот сектор ширум светот.

Во потрега по леб, многумина се одлучуваат за работа на прекуокеанските крузери, надевајќи се на добра зарабОтка но и луди и незаборавни забави на најразноразни дестинации ширум земјината топка.

Многу компании нудат аражмани за луѓе кои сакаат да се впуштат во оваа работна авантура, со надеж дека „некој денар ќе остане заштеден“ и добро ќе дојде после враќањето дома.

Како што наведува сајтот cruiselinejobs.com  да се живее и работи на брод за крстарење е искуство кое не се заборава. Меѓутоа, пред да одлучите да се пријавите, кандидатите треба да сфатат дека повеќето работи на брод се тешки и бараат посветеност.

Предностите на ваков вид вработување секако е фактот дека ќе патувате на многу атрактивни дестинации и ќе видите многу интересни места. Иако ќе поминете повеќе од времето на брод, сепак имате шанса да отидете на брег и да посетите некои места. Овие кандидати исто така запознаваат луѓе од цел свет и можат да остварат некои трајни пријателства.

Финансискиот аспект сепак, во повеќето случаи преовладува.

„Можете да заработите прилично многу пари. Имајќи предвид дека немате каде да ги трошите на бродот, повеќе можете да заштедите. Можете да добиете бесплатен смештај и храна. И секако не мора да плаќате комунални сметки“, неведува сајтот cruiselinejobs.com

Од друга страна, многу тешко е воопшто да се добие работа на брод за крстарење. Според достапните податоци, работното време е 12 или 14 часа дневно, и се работи 7 дена во неделата.

Сајтот наменет за апликанти за работа на брод наведува како сместувањето на бродот за вработените е многу скромен. На новите бродови сместени се по 2 лица, а на старите бродови повеќе лица делат мала кабина и тоалет.

Посадата на главните бродски линии има телевизори. Повеќето кабини се сместени на ниските палуби и немаат прозори. Мора да се откажете од некои ваши навики и да се навикнете на вашите цимери.

Уште една работа треба да ја имате на ум. Сите кои се качат на брод, ќе бидат на море во сите временски прилики. Ако страдате од тешка морска болест, можеби треба да побарате работа на копно. Полесните видови на морска болест, меѓутоа многу честа е и кај искусните морепловци.

Босанската агенција „Kouzon Corporation“ на подрачјто на БиХ за период од  година дена на брод испратила 70 кандидати.

Процедура влегување на брод - Како, што?

На кандидатите кои се пријават, им се проверува англискиот јазик и нивното искуство, потоа следат одредени обуки, каде регрутерите работат со кандидати за да можат добро да поминат на финалните интервјуа со работодавачите.

„Што се однесува до патните трошкови, зависи од компанијата и програмата, но на кандидатите не им се скратува ништо. Трошковите се во висина на нивната прва и втора плата, така да се ќе им се отплати веќе од вториот месец на работа“,информира босанската агенција.

Она што навистина  важно да се напомене е дека кандидатите не смеат да имаат било какви предрасуди кон луѓето од други нации, вера или раса. Толеранцијата за такви работи е нула!

Тимската работа е обврзувачка и луѓето кои се на брод не смеат да покажат никаков говор на омраза кон никого.

Кога станува збор за спецификациите на работите, на брод постојат позиции и за жени како и за мажи.

Од босанската агенија информираат дека постојат програми на пример за продавачка во „duty free“ продавници кои бараат исклучиво девојки, или фотографи кои се исто така резервирани за понежниот пол. Рецепционерки се исто така барани позиции за жени, но за таа позиција не може да се понуди доста адекватен кадар бидејќи се бара познавање на повеќе странски јазици. Познато е дека во поранешна Југославија само 10 % говорат втор странски јазик.

Моментално се врши процедура за 5 девојки кои идат во функцијата youth staff, што значи дека одат на брод и ги чуваат децата на гостите кои крстарат

За таа позиција е потребен завршен педагошки факултет, одлично знаење на англиски јазик, а кандидатите се подложни кон проверувања од страна на ФБИ.

Конкурсот за работа на брод е актуелен во текот на цела година бидејќи големите крузери крстарат кога почне летото на оваа страна од земјината полутопка, па се крстари по Медитеранот и Балтикот. На другата страна, додека кај нас е зима, се работи во Австралија, на Нов Зеланд, Карипските острови.

Она што најмногу ги интересира луѓето е заработката. Колку може да се заработи на крузерите. Секако заработката е подобра од една македонска просечна плата. Се зависи и од самите кандидати, бидејќи со оглед дека на овие крузери претежно се американски гости и дека тие имаат обичај да оставаат „бакшиш“, дознаваме дека секој може да заработи пристојна плата и да донесе најмалку 10.000 американски долари за само шест месеци.

Но се зависи од човек до човек и колку тој е подготвен да ги служи гостите, да ги шармира, па и можеби малку да се понижи за подобра плата.

Повеќе информации за апликации може да најдете на овој сајт.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД