СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА СТРАЖА: МВР прави увид, повредени патници нема
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023
Во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје - Охрид.
Операторот од 112 веднаш ги известил МВР - СВР Тетово и ТППЕ Гостивар.
Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус.
Нема ниту еден повреден патник.
Во тек е увид од увидна екипа на МВР.
Сообраќајот се одвива нормално.