26 Април, 2024
0.0313

Охриѓани, центарци и чаирчани се повеќе „вријат“, цела година мината без пријава и казна за дивоградба

Објавено во: Македонија 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Охрид и во 2018 е рекордер по број на претставки за дивоградби од страна на поединци, правни лица и групи на граѓани пријавени во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Според извештајот кој го доби „Фактор“ од Инспекторатот, охриѓани 47 пати пријавувале неправилности, односно можни прекршувања на законот за градење и законот за просторно и урбанистичко планирање. Бројот на пријави од засегнатиот граѓански сектор се зголемува, а една година претходно тие биле 40. Пријавите се зголемуваат и во Чаир на второ место со 44 претставки(претходно 23 во 2017) и третопласираниот Центар со 36 (28). За една година има голема разлика во поднесените поплаки за овој проблем на ниво на цела Македонија од 366 на 442.

Инспекторатот донел само пет управни решенија и едно решение за едукација во текот на целата 2018, а преку годината не била изречена ниту една казна, ниту пак била проследена прекршочна или кривична пријава за дивоградителите. Во Гостивар имало 21 пријава за дивоградби лани, што е речиси три пати повеќе од една година претходно. Во Бутел во 2018 имало дури 11 претставки за можни дивоградби, односно пет повеќе за една година, а слични бројки има и Велес. Три пати повеќе пријави до Инспекторатот имало и од Илинден и Сарај, а два пати повеќе во Кичево и Сопиште.

„Законот за легализација на бесправно изградени објекти, донесен во 2011, ја кочи работата на оваа институција, а Инспекторатот и денес се соочува со проблеми кои произлегуваат од истиот. Тука е децентраизацијата која им предава надлежности на локалните самоуправи“, велат од 

Подрачја со најголеми шанси за нови дивоградби, според евиденцијата на преставки до инспекторатот и податоците од локалните самоуправи, се Центар, Карпош, Чаир, Охрид, Куманово, Струга, Струмица, Бутел и Гостивар.

По добиени претставки од поединци, правни лица и група на граѓани надзорно инспекторите интервенирале во Гази Баба, Битола, Центар, Карпош, Чаир, Чучер Сандево, Маврово, Охрид, Прилеп и Свети Николе.

Во надзорите доминираат инспекциските контроли кај странските и домашните инвеститори во индустриските зони, градбите крај магистраните патишта, општините и приватните објекти, како и во два наврати кај охридското муфтивство на ИВЗ. Посетувани се и хидроелектрани,  две цркви и бензинска пумпа, а повици имало од Конзерваторскиот центар, министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски, ЕВН и јавното претпријатие за државни патишта и гасоводот. Интервенции имало и за локални компании, рудници, железници и царина, туристички центри и меѓуградската автобуска станица во Скопје и Офицерски дом Битола, други јавни установи, како и неколку магацини, хотели и угостителски објекти.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот