Сеат Леон-Автомобил на годината за 2013 година
Објавено во: Стил 02 Март, 2013 16:02
Кој автомобил ќе бида избран за најдобар беше неизвесна до самиот крај. Во финалето се одлучуваше меѓу осум финалисти: „Dacia Lodgy“, „Great Wall Hover H5“, „Kia Optima“,„ Mercedes A класа“, „Mitsubishi Outlander“, „Peugeot 301“,„ Seat Leon“ и „Honda Civic“.
Во името на „Seat“, кој по трет пат е прогласен на најдобар автомобил, престижната наградата ја прими Гифре Пујол Солсона, одговорен за пазарите во Централна и Југоисточна Европа.
Специјалното признание за адекватност на македонскиот пазар од претседетелот на жирито, Агрон Сулејман, го предаде на Ивана Манчева, одговорна за маркетинг и односи со јавност во Еуроимпекс, а наградата за најдобар SUV на годината ја прими, Александар Ордевски, задолжен за програмата на Mitsubishi во рамките на импортерот Мак АутоСтар.
Новиот SEAT Leon е конструиран на новата MQB платформа на „Volkswagen“ групацијата,со поголемо меѓуосовинско растојание, овозможувајќи поголема пространост како во внатрешноста така и во багажниот простор, а воедно е пократок за 52 мм и полесен за 90 кг. Тој располага со START/STOP технологија која го прави високо економичен и со многу ниска емисија на CO2 гасови од само 99 грама. Како победник меѓу своите браќа, тој доби максимални 5 звездички во EURONCAP тестовите освојувајќи високи 94% за безбедност на возрасни и 92% за безбедност на деца. Новиот Leon од неодамна е достапен кај нас по цена од 13.970 евра и за прв пат со четири годишна гаранција.
извор: autoplus.mk
Повеќе на следниот линк: http://autoplus.mk/vesti/makedonija/krunisan-shpanskiot-lav
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





