04 Мај, 2024
0.0238

Седум пати добил на лото, а сега ја открива и тајната

Објавено во: Стил 01 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Играјте константно секоја недела лото, третирајте го како својата работа и држете се до својот биџет кога уплаќате, онолку колу што можете да си дозволите, вака го започна откривањето на својота среќа Ричард Лустиг кој добил премија на лото неверојатни седум пати . -Не сакате да се разбудите следното утро и да сфатите дека сте ги потрошиле сите пари на ова." - изјави Ричард за новинарите при извлекувањето на лото ливчињата во САД оваа среда. Ричард беше хуман па ги сподели и останатите совети: - Наместо автоматот да ви ги бира броевите, одберете ги вие самите. - Направете мало истражување. Дознајте дали вашите броеви биле добитни во минатото и одберете друга комбинација ако веќе биле. - Изберете 10 комбинации и ротирајте ги секој нареден пат. - Уплатете онолку среќни ливчиња колку што можете да си дозволите. Сепак седукратниот добитник на лото премија вели дека не секогаш среќата е таа која ви овозможува да станете добитник. -Среќата нема ништо со ова. Нема никогаш да поверувам дека сум толку среќен за да добијам дури 7 пати" - изјави тој за Fox4.