16 Мај, 2024
0.0304

Седум трикови за во кујна кои ќе ви спасат „живци“ и пари

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Ситниците кои често не иритираат и предизвикуваат непотребно губење на време тесно се поврзани со кујната. Така во состојба сме да го фрлиме загореното тенџере после неуспешно чистење, или да останеме без омлетот поради парчињата лушпа од јајце во него. За такви и низа други ситници пронајдовме едноставни решенија кои нема да ве направат мастершеф во кујната но ќе ви спасат време и нерви

Како да го спасите овошјето од презревање?

Откако овошјето отстои на собна температура повече од ден или два влегува во фаза на забрзано зреење и станува меко. Но секој ваков плод и тоа како е корисен, штом почне да ја губи бојата и обликот, а не планирате таков да го јадете измијте го, излупете го и исецкајте го на парчиња, такво подготвено ставете го во кесички и во замрзнувач. На овој начин при рака ќе ви бидат основните состојки за здрави пијалоци и десерти.

Како полсено да ги отворите школките на ‘фастците?

Во вреќичката на солените грицкалки поголемиот дел од содржината ја сочинуваат досадните плодови внатре со тврда лушпа кои најчесто се обидуваме да ги отвориме со забите. Веќе познато? Па затоа многу полесно решение е користење на половината од лушпата на веќе отворените ‘фастци, едноставно втурнете ја во најмалиот отвор на недоволно отворениот ‘фастк , свртете ја како клуч и лушпата ќе се отвори.

„Нечистотијата од даската за сецкање успешно ја отстранува триење со лимон потопен во сол, а понатамошното впивање на мириот на намирниците ќе го спречи мачкањето со масло преку даската“

Како парче лушпа да го издвоите од скршено јајце?

Откако го скршиме јајцето често се случува лушпата да се распадне во мали делови, а токму таквите ситно делчиња знаат да не доведа на работ на нервите бидејќи никако не успеваме да ги отстраниме. Во тој мал потат ни помага малку вода, имено доволно е лажичката да ја натопите со вода и со нејзиниот горен дел да поминете преку лушпата која во тој момент ќе се залепи.

Како да го спасите загорениот сад?

Дури и оние садови направени од најквалитетно нерѓосувачки челик за готвење знаат да поцрнат и да добијат дамки од готвење. Често обидот на миење на површината заврши неуспешно, но со малку стрпение садот моќе повторно да заблеска како нов. Имено, доволно е садот да го испрскате со средство за чистење на рерна и да го оставите неколку часа да влијае средството, нечистотијата ќе исчезне а садот после тоа измијте го со лимонска киселина за да се отстранат сите остатоци од агресивното средство за чистење.

Како да го омекнете стврданатиот кафен шеќер?

Кафениот шеќер со тек на времето станува тврд бидејќи ја губи влагата од својата содржина. Во првобитната содржина можете да го вратите така што во микробранова покрај садот со шеќер ќе ставите шојла вода и ќе ги ставите на висока температура на три минути. Шеќерот можете да го ставите во сад и да го покриете со дупли слој на влажна хартиена крпа а потоа се заедно да замотате во фолија и да оставите да отстои преку ноќ.

Како да ги отстраните нечистотиите од дрвената даска за сецкање?

За да се оттарасите од нечистотиите, по даската ставете сол и истријте со лимон. Измешајте оцет и вода и еден дел од крпата накиснете ја во оваа мешавина и со неа добро истрите и пребришете ја даската. Даската исперете ја со вода и исушете ја со крпа а на крај премачкајте ја со тенок слој на масло и оставете да се исуши што ќе влијае како заштитен слој на површината пртив создавањето на нови нечистотии.

Како побрзо да го растопите тврдиот путер?

Правите колач и нешто пред додавањето на дозата путер сфаќате дека сте заборавиле да го извадите од ладилникот едноставно исечкајте го на парчиња и ставете го помеѓу два листа на мрсна хартија. Со кујнска сукалка или стаклено шише преминете преку путерот кој во рекорден период ќе стане мек и лесен за употреба.