СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО И ПОТВРДЕНО ОД ВРВОТ: Германија сериозно ќе се вооружи

Објавено во: Свет 23 Март, 2025 17:00
Горниот дом на германскиот парламент Бундесрат со двотретинско мнозинство ги одобри неопходните измени на Основниот закон, со што се овозможи планираното задолжување за одбраната и инфраструктурата.
Тоа беше последната парламентарна пречка за проектот, кој предвидува олабавување на „должничката кочница“, повеќе трошоци за одбраната и посебен фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и заштита на климата, пишува „Билд“.
Двотретинското мнозинство во Бундесратот долго време се сметаше за неизвесно бидејќи не беше јасно како ќе гласаат владите на германските сојузни покраини, во кои членуваат претставници на Левица (Die Linke), ФДП, Слободните гласачи и Алијансата на Сара Вагенкнехт (BSW).
Конзервативните демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) претходно со двотретинско мнозинство ја одобрија реформата во долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, со помош на Зелените. Фаворитот за функцијата германски канцелар Фридрих Мерц во таа прилика изјави дека планираното зголемување на германските трошоци за одбрана и економски раст претставуваат пресвртница за европската безбедност.
„Со години живееме во лажно чувство на сигурност“, рече Мерц во обраќањето пред Бундестагот, додавајќи дека „повоената мировна дивиденда одамна е исцрпена“ и дека на Германија и е потребна целосна ревизија на нејзините одбранбени способности, пренесе Ројтерс.
Тој нагласи дека одлуката за зајакнување на одбранбената готовност претставува „првиот голем чекор кон нова европска одбранбена заедница“ која би можела да вклучи и земји надвор од Европската унија.
За потсетување, Бизпортал пишуваше за поместувањето на Европа и особено Германија кон вооружување, прочитајте го на следниот линк:
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЈА МИР ВО ЦРНОТО МОРЕ: Што бараат Русите од Американците за возврат?

ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ Е ТАА НА КОЈА КРЕМЉ ГОРИ: Дело е на грузиски уметник и ја налути Москва

ЦЕНАТА МУ Е ПОМАЛКУ ОД 5 ЕВРА, НО ОВОЈ ПРОИЗВОД E ЧЕСТА МЕТА НА КРАДЦИТЕ: Ова е причината зошто толку многу го крадат
НЕ ЗАПИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Дали злосторство на Екрем Имамоглу е тоа што го победи Реџеп Таип Ердоган на изборите?

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ИМААТ ВОЗАЧКА ВО НЕКОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЕУ ги менува правилата

СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН - луѓето на Трамп по грешка ставиле новинар во доверлива група и му откриле детали за воените планови

ПРОМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ! Нема веќе фалсификување, еве што ставаат во него

ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме

ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина
