Мицкоски: Ќе се регулира вработувањето на пензионерите и студентите

Објавено во: Економија 25 Март, 2025 11:27
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека со предлогот на закон за работно ангажирање на лица ќе се регулира вработувањето на студентите и пензионерите во формалната економија.
- Со тој закон ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица кои што се пензионирани, или на оние кои што се студенти. Досега тоа некако се одвиваше како дел од сивата економија. Целта ни е да ја зголемиме продуктивноста и вработеноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата, рече премиерот.
За овој нов закон кој треба да се носи по редовна постапка, Мицкоски додаде дека има и делумна поддршка од опозицијата.
Стопанската комора на РСМ веќе најави дека со ова законско решение ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси од задолжителното социјално осигурување, а ќе придонесе и за сузбивање на неформалната економија
Можеби ќе ве интересира
„Бехтел и Енка“ направи добивка од 8 милиони евра од автопатите во Македонија, за вработен троши по 2.700 евра месечно

„ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“: постигнат е договор - автомобилите ќе „куртулат“ од царини

„ПРОИЗВЕДЕНО ВО ЕВРОПА“ ВСУШНОСТ ДОАЃА ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК - трговската војна меѓу САД и Кина навлезе и во областа на високата мода

ПОКРАЈ УНГАРСКИОТ 4IG, УШТЕ ЕДЕН МОБИЛЕН ОПЕРАТОР, ОД РОМАНИЈА, СЕ ИНТЕРЕСИРАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Николовски објасни зошто е потребен трет играч на пазарот

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание

180.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА – М КЕШ ОДБЕЛЕЖУВА 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ ВО СРБИЈА ШТО ИЗДАВААТ СТАН НА ДЕН - даночната управа им испрати даночни решенија, нека ги очекуваат следниве денови

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево

ИЛОН МАСК ЗА РОБОТИТЕ-ДОКТОРИ: До 2030 година тие ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи
