Сега ОВА е најдоминантниот симптом на Ковид: Најново истражување
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2022 12:46
На почетокот на пандемијата на корона вирусот, симптомите на
кои требаше да се обрне внимание беа губење на сетилото за вкус и мирис, како и
отежнато дишење и треска.
Оттогаш, типичните карактеристики на Ковид се сменија. Најчесто пријавените симптоми на Ковид во последните неколку недели се сосема различни и зависат од тоа дали заразените биле вакцинирани или не, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија, врз основа на апликацијата Covid Symptoms Tracker, каде пациентите сами ги пријавуваат своите искуства.
Четири од петте главни симптоми на Ковид беа исти за оние кои примиле две дози од вакцината, една или воопшто не биле имунизирани. Овие симптоми беа главоболка, постојана кашлица, болки во грлото и течење на носот. Сепак, главните симптоми се разликуваа во рангирањето за секој пријавен статус на вакцинација.
За оние кои примиле две дози од вакцината против Ковид, назалната конгестија беше доминантен показател за инфекција. Други симптоми вклучуваат болки во грлото, течење на носот, постојана кашлица и главоболка.
Во групата пациенти кои примиле само една доза од вакцината против корона, првиот симптом на инфекција била главоболка, проследена со течење на носот, болки во грлото, кивање и постојана кашлица.
Оние кои не примиле ниту една доза од вакцината, инфекцијата со Ковид се манифестирала со главоболка, болки во грлото, течење на носот, треска и постојана кашлица.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), има многу други симптоми на ковид, вклучувајќи замор, гадење, болки во телото и многу повеќе.
Фото: unsplash
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




