14 Декември, 2025
0.0978

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2025 07:51

Добивај вести на Viber

Според податоците на УНИЦЕФ кои неодамна беа објавени, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија и тоа си носи последици.

Во повеќе сегменти од општественото живеење, овие деца се соочуваат со проблеми поради лошата финансиска состојба. Од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје за Фактор објаснуваат дека детската сиромаштија има длабоки и долготрајни последици кои можат да го обликуваат целиот живот на една личност. Таа влијае врз здравјето, образованието и социјалниот развој и го одржува циклусот на нееднаквост и исклученост. Растењето во услови на лишеност од основни потреби – како што се соодветна исхрана, живеалиште и образование, го попречуваат физичкиот и когнитивниот развој и ги ограничува социјалните и економските можности на детето кога ќе стане  возрасен човек.

„Здрав развој: имаат помала веројатност да добиваат соодветна исхрана – што го ограничува нивниот физички и когнитивен развој, особено во раното детство – и имаат помал пристап до здравствена заштита, што го зголемува ризикот од болести во детството и хронични заболувања во зрелоста. Дополнително, тие често живеат во средини со повисоко ниво на загадување на воздухот. Образование: често започнуваат со училиште недоволно подготвени поради тоа што имаат ограничен пристап до предучилишно образование и недостиг на можности за рано учење дома. Поголема е веројатноста да имаат повисока стапка на изостанување, напуштање на училиштето, пониски образовни резултати и помала веројатност за продолжување на високо образование, што ги ограничува нивните идни можности за вработување. Социјален и емоционален развој: почесто развиваат ниска самодоверба и проблеми со менталното здравје поради немање стабилност во животот, траума и недостиг на поддршка – и во детството и како возрасни. Сиромаштијата често се преклопува и со други предизвици: децата од маргинализираните или малцинските заедници имаат поголеми шанси да живеат во сиромаштија и да се соочат со дискриминација, што создава дополнителни пречки за излез од сиромаштијата“, објаснуваат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Додаваат дека тоа често води до пониски приходи, послабо здравје и пократок животен век, со што се зголемува и веројатноста следната генерација исто така да живее во сиромаштија. Социјалната заштита, вклучително и паричната поддршка, играат клучна улога во заштитата на децата и нивните семејства од сиромаштија и нејзините штетни последици во сите аспекти на животот.

„Добро дизајниран и соодветно финансиран систем за социјална заштита може да ги извади децата од сиромаштија и да им овозможи пристап до услуги и можности. Сиромаштијата не влијае само на поединечни деца — таа има долгорочни негативни последици врз развојот на човечкиот капитал на целата држава. Државите можат да заштедат средства на краток рок ако не инвестираат во децата, но на долг рок плаќаат многу повеќе преку трошоци за здравство, невработеност и зависност на семејствата од социјални услуги. Спречувањето на детската сиромаштија е далеку поекономично отколку справувањето со нејзините последици подоцна“, велат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Оттаму објаснуваат дека во моментов државата развива план за имплементација на Гаранцијата за децата, со цел да се насочат напорите кон децата под најголем ризик. Препораките опфаќаат повеќе услуги, како што се зголемени парични надоместоци, подобрен пристап до предучилишно образование, инклузивно образование, универзално здравствено осигурување и бесплатни училишни оброци.

Низ целиот свет, децата имаат поголема веројатност да живеат во сиромаштија отколку возрасните.

Глобално, живеењето во „екстремна сиромаштија“ значи преживување со помалку од 2,15 долари на ден. Детската сиромаштија е глобален проблем. Се јавува во земјите со ниски, средни и високи приходи во различен степен и последици. Околу 333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија. Околу 1 милијарда деца ширум светот доживуваат мултидимензионална сиромаштија, што значи дека им недостигаат основни потреби како храна, вода, засолниште, образование и здравствена заштита.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји