08 Мај, 2024
0.0225

Секој Чех минатата година испил речиси 300 литри пиво

Објавено во: Стил 30 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Просечната потрошувачка на пиво во Чешка минатата година бележи стагнација и секој чешки граѓанин во просек испил 288 литри пиво, соопшти Чешкиот сојуз на производители на пиво и слад.

И покрај намалената конзумација на пиво сепак Чесите не го губат приматот на светски прваци во потрошувачка на овој пијалак.

Изнанадувачки е што на второ место се Австријците со потрошувачка од 108 литри по жител, пред Германија каде секој граѓанин во просек испил 107 литри пиво.

Податоците покажуваат дека Чесите повеќе сакаат да пијат пиво од ПЕТ-пластична амбалажа и од лименки отколку од стаклено шише.

Интересот за новитетите кои се појавија во 2012 година, познати како мешавина од овошни пива наоѓаат се повеќе приврзаници во земјата.

Поради покачувањето на цената на пивото во рестораните и баровите во последните години, меѓу чешките граѓани забележлива е зголемената потрошувачка на пивото кое се пие во домашни услови. Кога се работи за оваа индустрија, статистиката покажува дека пиварниците, лани од даноците на државата и донеле придонес од даноците во висина од 450 милиони евра.