19 Декември, 2025
0.0388

Секој граѓанин годишно создава 380 кг комунален отпад

Објавено во: Економија 20 Април, 2016 12:31

Добивај вести на Viber

Годишното количество на создаден комунален отпад по жител лани изнесувал 380 кг, што е за 2.7 % повеќе од 2014 година.

Вкупното количество на собран комунален отпад во Македонија лани изнесува 620 328 тони.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Споредено со 2014 година, вкупното количество  на собран комунален отпад во 2015 година бележи зголемување од 8.9 %.  Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 151 592 тони или 24.4%  од вкупното собрано количество во државата. Од вкупното количество на собран комунален отпад,  499 658 тони или 81% се собрани од домаќинствата, а останатите 19% од правни и физички лица.  Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 533 721 тони  или 86%, а најмало количество e отпад од гума, 1 395 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјата во 2015 година изнесува 786 182 тони. Од него 99.4% се носи на депонија.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?