23 Ноември, 2024
0.0241

Секој хороскопски знак има свој клуч на среќа: Откријте кој е вашиот?

Објавено во: Општо 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber


Да се живее во согласност со вашата природа и карактер е клучот до среќата и стабилноста. Со вистинските практични совети, соодветни за вашиот знак, може да го подобрите квалитетот на животот!

Овен

1. Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика.

2. Што и да ви кажат, ако навистина нешто сакате, работете на тоа, затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете.

3. Распоредете ги приоритетите и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Престанете да се трудите околу нешто што не е вредно за внимание.

4. Секој ден прошетајте, возете точак или слично – потребно ви е движење, бидејќи во спротивно ќе бидете уморни.

5. Не се срамете од своите “бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.

Бик

1. Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија.

2. Не ги пропуштајте приликите да си угодите себеси, но строго одредете си го времето за уживање и времето за работа.

3. Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите, како би ги сфатиле подобро.

4. Научете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.

5. Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот.

Близнаци

1. Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзливи кога се во прашање овие работи.

2. Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија.

3. Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година.

4. Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува.

5. Не се задоволувајте со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа.

Рак

1. Помалку озборувајте и не се движете во друштво кое не ви одговара, бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер.

2. Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни.

3. Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмараат – вам ви треба рутина.

4. Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри.

5. Гответе и уживајте во добрата храна.

Лав

1. Немојте да се извинувате затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување – најдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.

2. Не ги прикривајте своите фрустрации, бидејќи така тие ќе излезат десет пати посилни, а вие ќе испаднете незрели. Бидете директни и искрени.

3. Не го заземајте последното место на работа, бидејќи нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто.

4. Ослободете ја својата страст и енергија – без разлика дали низ спорт, уметност, танцување, музика.

5. Почесто дружете се и пробајте да водите активен друштвен живот со различни луѓе.

Девица

1. Сесрдно помагајте им на луѓето околу се – со тоа важбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.

2. Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови во животот.

3. На работа не ги зимајте работите на срце, стекнете искуство и барајте нешто ново ако сте незадоволни.

4. Не се плашете поради прекинување на лошите односи, посилни сте отколку што мислите.

5. Најдете домашно милениче, тие за вас се голема утеха.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.