10 Декември, 2024
0.0244

Секој втор вработен ја напушта фирмата поради незадоволство од претпоставен: Како до нов тип лидери

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Академија за развој на лидерски вештини на која компаниите имаат уникатна можност да развијат персонални лидерски вештини и да поттикнат раст ќе организира „Вивендум ратио Солушнс“ во април годинава. Во Македонија ова е прв настан од ваков тип зад кој стои искусен консалтинг тим. Во време кога општеството станува се покомплексно, непредвидливо и карактеризирано со континуирана политичка нестабилност, но и голема стапка на иселување, успехот, растот и додадената вредност на организациите како од приватниот така и од јавниот сектор зависи од лидери на сите нивоа на хиерархија, способни да управуваат во комплексна средина, подготвени за брза промена и развој на вработените. Во денешно време секој втор вработен ја напушта организацијата поради незадоволство од претпоставен и повеќе од 60 отсто од вработените немаат доверба во менаџментот на организациите во кои работат, а процентот на ангажираност на вработени изнесува 12 отсто.

Наташа Алексовска, основач на Вивендум, консултант и бизнис предавач вели дека  иако поголем дел од организациите се свесни за важноста од добар менаџмент и создавање на идни лидери, и вложуваат во програми за развој на лидери сепак резултатите укажуваат на неефикасност на овие програми. Нејзиното досегашно искуство покажало дека причините за тоа лежат во пристапот при креирање и имплементација на развојните програми кој е традиционален.


„Имено при традиционалниот пристап, развојните активности се базираат на формални тренинг сесии и обуки со теми кои не се поврзани со стратешките потреби на компанијата, без соодветна поддршка од извршен менаџмент и евалуација на обука исклучиво од аспект на задоволство од обука и обучувач. Како резултат на овој пристап и без поддршка од извршен менаџмент учесниците се групираат во две категории и тоа оние кои „даваат отпор“ и сметаат дека се присилени да учествуваат на обука и би претпочитале да бидат на своето работно место и вработени „на распуст“ кои уживаат во времето поминато надвор од работа, но за сите погрешни причини, вели Алексовска.

Самата идеја за создавање на Академија за развој на лидерски вештини се родила како резултат на нивната мисија и стремежот за создавање на додадена вредност на клиентите, соработници и средината во која делуваат.

Самата е вклучена во деловен консалтинг и обука и развој на вработени, што и досега и давало пристап до деловните цели, стратешките приоритети и организациона култура на клиентите. Алексовска која сега ќе биде лидер на Академијата и предавач вели дека стратегиите за развој кои досега ги применувале ги дале посакуваните резултати, но и помогнале да креираат фактори за успех и нов пристап кој на организациите ќе им помогнат во развој на моментални и идни лидери, а со ќе се придонесе за исполнување на нивните стратешки цели.

„Лидерството и лидерскиот пристап не е универзален и во голема зависност од средината и ситуацијата во која лидерот се наоѓа и работи. Ова се причините поради кои ние блиску соработуваме со менаџментот на нашите клиенти, се со цел да ги утврдиме клучните лидерски однесувања, начин на размислување, способности потребни за исполнување на стратегијата на организациите. Овие параметри ги користиме за развој на програми за развој на лидерски вештини кои вклучуваат техники и алатки како што се евалуации, симулации, практична примена на здобиени знаења и вештини, coaching, вели Алексовска.


Уникатноста на Академијата е што преку неа компаниите ќе ги постигнат целите кои консултантите ги гарантираат - да се развијат лидерски вештини, да се развијат лидери кои ќе развиваат нови лидери, такви кои ќе се способни да изградат култура отворена за промени. Алексовска објаснува дека меѓу целите е и да се развијат менторски и coach-инг вештини кај учесниците, но и компаниите да создадат лидери кои поседуваат критички знаења и вештини ефикасно да управуваат во време на комплексност, неизвесност и брзи промени. На Академијата ќе се обезбедат клучни знаења потребни за раководење со промени, развој на вештини за влијание и развој на способности за развој на агилни тимови и организации.

Програмата за развој на лидерски вештини е поделена и наменета за две категории на лидери односно за менаџери на средно и високо ниво (оддели и сектори) и за линиски менаџери (менаџери од прва линија).

„Дел од темите кои се обработуваат и се покриени со нашите програми за развој се теории на менаџмент и лидерство, современи менаџерски вештини, стратешки менаџмент, развој на менторски и coaching вештини, психологија на менаџментот, емоционална интелигенција, Закон за работни односи за менаџери, управување со човечки ресурси, лидерски вештини и критичко размислување и решавање на комплексни проблеми, објаснува Алексовска.


Процесот на учење е предвидено да биде преку учење во училница, индивидуални проектни задачи, индивидуална повратна информација и coachingсесии. Но, како што вели Алексовска, на учесниците ќе им се овозможи мобилност,поголема поврзаност без разлика на локација, можност за live споделување на искуства, прашања, проекти, успешни приказни, учење преку социјални медиуми, дигитално учење, дигитални bit-size учења и други современи начини на учење овозможени од новите технологии.

Програмите за развој на лидерски вештини се созадени и наменети за манеџери и вработени како од приватниот така и од јавниот сектор. На програмите може да земат учество менаџери кои веќе работат на раководни позиции и имаат потреба од континуиран развој, вработени кои согласно кариерниот пат планираат да заземат лидерска позиција и секако овие програми се особено привлечни за компаниите кои имаат систем за развој на таленти и план за наследување. Пријавувањето за академијата започнува на 3.Февруари и ќе трае до 11.Март. По пријавувањето ќе се одвива процес на евалуација на учесници, персонализација на развојни планови и поставување на клучни показатели на успех. Развојните активности се планирани за започнат на 6. Април 2020 година. 

A.T.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА - Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА - Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

ПОВТОРНО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА - илјадници вработени на Фолксваген не работат

ПОВТОРНО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА - илјадници вработени на Фолксваген не работат

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?