СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи
Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 07:51
Селекцијата на отпадот во домот е практичен чекор со кој секој од нас може директно да придонесе кон заштита на животната средина.
Блаже Јосифовски од невладината „Биди зелен“ од Скопје објаснува дека најчесто, отпадот што може и треба постојано да го селектираме дома е хартијата, пластиката, стаклото, металот, електронскиот и биоразградливиот отпад. Вели дека хартијата, пластиката и стаклото можат лесно да се одвојат и предадат во специјализирани пунктови или контејнери за рециклирање. Металните конзерви и алуминиумски лименки имаат економска вредност, па доколку редовно се собираат и предаваат на отпад, можат да обезбедат и дополнителен приход.
„Електронскиот отпад (стари телефони, компјутери, батерии, полначи и други електронски уреди) е посебно важен бидејќи неправилното негово фрлање може да предизвика сериозно загадување, а содржи вредни компоненти кои можат да бидат рециклирани и повторно искористени. Во Македонија постојат неколку компании кои организирано собираат и рециклираат електронски отпад и нудат симболични надоместоци за негово предавање. Дополнително, биоразградливиот (органскиот) отпад, како остатоци од храна, може да се компостира, при што се добива органско ѓубриво, корисно за домашните градини и за зелените површини. Практичното значење на селекцијата е во тоа што отпадот престанува да биде проблем и станува ресурс. Со личниот пример секој граѓанин може да ја поттикне свеста кај околината, но и да ги охрабри институциите и бизнисите повеќе да вложуваат во инфраструктура за селекција и рециклирање“, додаде Јосифовски.
Објаснува дека оваа мерка е директно применлива во секојдневниот живот и има потенцијал за јасен позитивен ефект врз заштитата на животната средина.
„Има семејства што собираат отпад, го оставаат и не земаат пари, туку се екологисти. Картонот, пластиката, шишињата се лесни, немаат тежина за да се земат повеќе пари. Има домаќинства што ќе соберат повеќе шишиња или друг отпад и ќе земат некоја сума. Луѓето најчесто од еколошки побуди го прават тоа. Сигурно има 20 до 30 семејства што создале навика да ни носат отпад. Последниве неколку години повеќе ги има и свеста е на повисоко ниво“, додаваат од отпад во западна Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2022 година се создадени 1.397 илјади тони отпад. Од вкупното количество создаден отпад, 70.5 отсто е неопасен отпад, a 29.5 отсто опасен отпад. Најмногу отпад е создаден во секторот Рударство и вадење на камен – 497 илјади тони (35.6 отсто). Во 2022 година вкупно се третирани 1.376 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад или отпад предаден за рециклирање изнесува 564 илјади тони. Според видовите отпад што е рециклиран или предаден за рециклирање, најголемо е количеството на отпад од категоријата Отпадоци од железен метал, необоени метали, Отпадоци од хартија и картон и Отпадоци од пластика. Од создадениот отпад, 21 илјада тони се складиран отпад.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




