03 Јули, 2024
0.0290

СЕМЕЈСТВО ОД СРБИЈА СЕ ПОЖАЛИ НА УЖАСНО ПОНИЖУВАЊЕ НА ПАТОТ НИЗ МАКЕДОНИЈА - не држеа како крадци 40 минути, никому ова да не му се повтори

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

На популарната Фејсбук група „Во живо од Грција“, администраторите споделија предупредување до српските туристи кои на враќање од одморот во Грција, наводно доживеале непријатно искуство на бензинска пумпа во Северна Македонија.

„Би сакала да ги известите нашите патници кои ќе патуваат низ Северна Македонија да внимаваат на бензинските пумпи, колку гориво точат, што наплаќаат и да побараат сметка“, изјавила жената, а потоа напишала за непријатностите што ги доживеала нејзиното семејство кога застанале на бензинска пумпа на пат за Србија.

„Полнeивме гориво, ја платив сметката во евра и после тоа купив чипс за денарите што ми останаа како кусур кога отидовме во Грција и наполнивме гориво... На споменатата бензинска пумпа паузиравме околу 10 минути и кога сакавме да тргнеме, не запреа и рекоа дека горивото не сме го платиле. Веднаш отидов кај касиерката да го разрешам недоразбирањето, но таа рече дека купив само чипс, па дури и ме нападнаа дека ја немам сметката што ми ја дадоа. Не добив сметка за гориво или чипс.

Побарав да дојде менаџерот и да се вратат камерите... Влезе човек кој не се легитимира и рече дека ќе повика полиција, но и Србија. Веднаш се договоривме да повикаме полиција и сепак баравме да ги вратат камерите“.

„Не држеа таму како крадци 40-тина минути, имав три деца во автомобилот на 43 степени, бебето си го пикна прстот во лименка и го пресече додека се расправавме со нив... Без претерување, беше многу болно, а за непријатноста нема да зборувам бидејќи сите што дојдоа на пумпата гледаа. После 40-тина минути само излезе касиерката и рече: „Извинете грешка, не ја исфрлив сметката!“ Тој менаџер или што и да е не ни зборуваше, ниту се извини... Не знам ни дали ги вратија камерите и дали е грешка или е финта, па каде може, да се наплати двојно. Досега никогаш не сме имале непријатно искуство патувајќи низ Македонија, но овде ова ми беше навистина ужасно. Жал ми е што одолговлекував, но би сакала да можам некако да влијаам никој да не го доживее тоа што го доживеавме ние“, нагласи таа.

Во коментарите потсетија дека поради ваквите ситуации најдобро е плаќањето на картичка и дека секогаш треба да барате сметка. Излегува дека има многу жртви на слични измами.

Нова.рс

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ЕЈУП РУСТЕМИ: Kоце Трајановски ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ЕЈУП РУСТЕМИ: Kоце Трајановски ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта

ДЕСПОТОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ТИРЗ: Ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ

ДЕСПОТОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ТИРЗ: Ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ

ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница

ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА: Функции добија Пандов, Клековски, Трајанов...

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА: Функции добија Пандов, Клековски, Трајанов...