СЕМЕЈСТВО ПЕЦОВСКИ СИ КУПИ НОВИ АКЦИИ - се намалува уделот на Настел во сопственичката структура
Објавено во: Економија 23 Јули, 2025 15:15
Продолжува трендот на промени во акционерската структура на компанијата Реплек.
Согласно најновите објави на Македонска берза, Владимир Пецовски, брат на генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, се стекнал со нови акции од компанијата.
Со ова продолжуа да се менува акционерската структура во Реплек, при што Владимир Пецовски го зголемува својот удел, додека компанијата „Настел“ го намалува сопственичкиот удел.
Со последните трансакции, скоро и да е изедначен бројот на акции и процентите што се во нивна сопственост.
За промените, од Реплек информираат преку Македонска берза.
- Акционер со над 5 отсто Пецовски Владимир се стекна со 11 нови акции, со што поседува вкупно 16.516 или 6,37 проценти од вкупниот број на акции.Акционер со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 600 акции, со што поседува вкупно 16.601 или 6,4 проценти од вкупниот број на акции - се наведува во соопштението објавено на веб страната на „Македонска берза“.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




