СЕМЕЈСТВОТО НА ТИТО: Каде се и што прават потомците на лидерот на Југославија
Објавено во: Свет, Стил 09 Декември, 2015 20:43
Изминаа повеќе од три децении по смртта на нивниот сопруг, татко, дедо и прадедо, а семејството на Јосип Броз Тито секогаш ќе го поврзуваат со ликот на југословенскиот лидер.
Со првата сопруга, Русинката Пелагија Бјелосова, Јосип Броз Тито имал три деца - Хинка, Златица и Жарко, но преживеал само Жарко.
Две години подоцна, во 1937 година, Тито ја запознал Херта Хаас во Париз и го добиле синот Александар-Миша.Жарко Броз
Жарко е најстарото дете на Тито од првиот брак. Роден е во 1924 година, детството и раната младост ја поминал во Москва. До крајот на Втората светска војна, Жарко живееше во Советскиот Сојуз, се бореше како официр на Црвената армија,два пати беше одликуван и тешко повреден, тогаш ја изгуби и раката. По ослободувањето, 1945, Жарко од СССР ја донесе својата голема љубов Тамара Вегер, со која во 1947 го доби синот Јосип-Јошко, а во 1949 ќерката Златица.
Заради аферата со Тереза Кујунџиќ ангажирана била и УДБА, а Тито долго време не разговарал со својот син. Во 1951 Жарко од бракот со Тереза го доби синот Едвард, а само 4 години подоцна, бил во брак со трета сопруга и ја добил ќерката Светлана. Починал 1995 година.
Светлана Броз - ќерката на Жарко
Светлана е лекар, писател и член на неколку невладини организации и веќе со години живее во Сараево.
Златица Броз
Втората ќерка на Жарко е пензионерка и живее во Белград.
Едвард Броз
Вториот син на Жарко, во 1992 година предизвика сообраќајна несреќа во која загина Гојко Поповиќ. Во крвта имал 2,05 промили на алкохол и обвинет е за предизвикување на несреќа во пијана сосотојба.
Александар Миша Броз
Тој е помалиот син на Тито, роден во 1941 година, а татко му прв пат го видел дури во 1945 година. Бидејќи бил дете на Тито од илегалката Херта Хаас, Миша своето рано детство го поминал на разни адреси, во различни семејства. По професија е правник, со познавање на пет странски јазици и долги години беше директор на хрватските фирми “Првомајска“ и “Ина“. Работел како дипломатски претставник на Хрватска во амбасадите во Москва, Каиро и Џакарта.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?









