„Сепаратистот“ Пике ја напушта Шпанија по скандалот со знамето
Според многу фанови дефанзивецот на Барселона, кој е каталонец, сам го пресекол шпанското знаме од крајот на ракавот на дресот пред дуелот.
Објавено во: Спорт 10 Октомври, 2016
Жерар Пике беше во центарот на полемика на социјалните мрежи по победата на Шпанија со 2:0 како гостин во светскиот квалификациски дуел против Албанија.
Според многу фанови дефанзивецот на Барселона, кој е каталонец, сам го пресекол шпанското знаме од крајот на ракавот на дресот пред дуелот.
Пике е роден во Барселона и не еднаш во медиумите ја изјавувал својата позиција дека Каталонија треба да се отцепи од Шпанија и да стане суверена држава. Играчот дури има 9 натпревари за репрезентацијата на Каталонија, која не е призната ниту од ФИФА, ниту од УЕФА.
И покрај сето ова, Пике над 6 години е главен фудбалер во одбраната на Шпанија и зад себе има над 80 дуели со тимот, светска и европска титула.
Која е вистината?
Знамето на Шпанија се наоѓа само на дресовите со кратки ракави. Пике користел таков со долги ракави, кој подоцна ги исекол. Фудбалерот долги години често игра со дрес со долги ракави.
По натпреварот Пике дури им покажал на новинари, местото каде се исечени ракавите и дека тој всушност не го отстранил шпанското знаме, пишува АС.
Во социјалните мрежи, сепак се одржаа спорови околу тоа колку 29-годишниот централен дефанзивец заслужува да игра за Шпанија и колку го сака тоа. Ова натера фудбалерот да објави дека ќе се откаже од тимот по Светското првенство во Русија во 2018 година
Изјава на Шпанската фудбалска федерација, цитирана од АС: „Шпанската фудбалска федерација сака да изрази поддршка кон Жерар Пике во полемиката дали тој го исекол шпанското знаме од дресот за светскиот квалификациски меч против Албанија.
Федерацијата сака да објасни дека шпанското знаме постои само на верзијата на дресот со кратки ракави и не се вклучува во верзијата со долги ракави, кој Жерар Пике го искористил во натпреварот. Недостатокот на шпанското знаме може да се види и на дресот на Серхио Рамос (број 15), кој игра со дрес со долги ракави.
Жерар Пике ги исекол ракавите за да се чувствува поудобно во текот на играта, како што постапувале и други фудбалери.
Неосновани се критиките кон Пике, со што се испровоцира фудбалерот да ја напушти шпанската репрезентација по Светското првенство во Русија“, велат од федерацијата
- Се обидов сè, но не можам да трпам повеќе. Овој проблем со ракавите е капката што ја прелеа чашата. Тие ме натераа да изгубам ентузијазам за натпреварите со репрезентацијата и иако по светското во Русија ќе имам само 31 година, јас ќе се откажам, изјави Пике, цитиран од Шпанската фудбалска федерација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.