Сергеј Самсоненко купи акции во „Жито Полог“
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2020 13:03
Сергеј Самсоненко купи 5.000 обични акции со право на глас во „Жито Полог“ АД Тетово, објави Македонска берза.
Рускиот бизнисмен сега поседува вкупно 8.650 обични акции со право на глас во ова акционерско друштво.
Со 15,45 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото тој е најголем акционер во компанијата, пред Ненад Јосифовиќ (12,47) и Златко Пирузе (11,46),
Акциите се купени од ЗК „Пелагонија“ АД – Битола, која сега има вкупно 5047 обични акции, што претставува 9,01 отсто од сопственоста.
Други сопственици се уште компанијата „Благој Ѓорев“(8,93), „Софија градба“ (5,13) и ТИМ ДОО (6,92).
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




