„СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2023 07:19
Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава.
Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, напиша тој на својот официјален Фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




