20 Декември, 2025
0.1478

Северна Кореја има чуден начин да привлекува странски туристи

Објавено во: Свет 03 Декември, 2014 14:02

Добивај вести на Viber

Изолираната Северна Кореја од неделава лансираше нов туристички портал, чија цел според најавите е да го зголеми бројот на странски туристи што ја посетуваат земјата. Но, ако не го познавате севернокорејскиот јазик, користењето на овој портал dprktoday.com ќе ви биде вистински кошмар. Секако можете визуелно да се ориентирате по фотографиите на страниците, но и таму изборот е чуден - од фотографии со лансирање ракети во Вселената до слики на куче кое гледа во непознат правец. Со оглед на тоа што во октомври е воведена и забрана за влез на странски туристи во Северна Кореја за да се спречи евентуално ширење на вирусот на ебола во оваа земја, туристичката индустрија таму е практично на колена. Од друга страна, и кај странските туристи се води дебата за тоа дали е етички да се посети Северна Кореја, со оглед на тоа што парите од туризмот одат кон режим за кој се верува дека спроведува репресија врз своите граѓани. Обединетите нации неодамна усвоија одлука раководството на Северна Кореја да се пријави пред Меѓународен суд заради тешки злосторства против човештвото, кои вклучуваат и растечки систем на логори, мачења, убивања и изгладнување на населението.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја