24 Април, 2024
0.0304

Северна Кореја – нов туристички рај?

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг нареди трансформација на индустриското пристаниште Вонсан во одморалиште на плажа, пишува Блиц. Ким има големи планови да создаде од својата земја светска туристичка дестинација. Претседател на Северна Кореја во мај го посетил и скилалиштето Масик Пас, каде војници го градат првиот ски-центар Северна Кореја, пренесува британски Телеграф. Објектот ќе има 110 километри патеки за скијање и Ким нареди забрзување на работа, така што центарот ќе биде  подготвен за работа оваа зима.  Сега, исто така, сака да направи од Вонсан и летна дестинација. Фабрики и доковите по должината на брегот ќе бидат заменети со нови населби, покажува документот насловен „Генералниот план за областа Вонсан“. Овде ќе има дел за спорт и забава, како и објекти за туристите. Плажата ќе ги добие сите објекти потребни за едно современо одморалиште. Медиумите од Јужна Кореја пишуваат дека и странските инвеститори се заинтересирани за овој план, иако не е јасно дали ова ќе биде кршење на санкциите на ОН, наметнати поради нуклеарните проби во Северна Кореја. „Северна Кореја се надева дека ќе привлече повеќе од еден милион долари инвестиции од страна на компанија во Сингапур. Завршување на проектот се потпира на привлекување на странски инвеститори", изјавил јужнокорејски извор. Планот за трансформирање на пристаништето во туристичка дестинација не е нов - покојниот татко Ким Јонг Ун за ова најави во 2007-та. Како што пишуваат јужнокорејските медиуми, династијата Ким во Заливот Винсан и досега местото го користела за време на летниот одмор.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган