03 Јули, 2024
0.0709

Северна Кореја: Подготвени сме за тотална војна

Објавено во: Свет 21 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Северна Кореја е подготвена за тотална војна, за да се заштити избраниот поредок од народот . Ова се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, цитирано од светските медиуми.

Таа доаѓа како последица на драстично зголемените тензии помеѓу Северна и Јужна Кореја, чии армии се наоѓаат во највисок степен на готовност.

Во исто време, амбасадорот на Северна Кореја во Москва коментирал, цитиран од агенциите дека проценката на Пјонгјанг е дека ситуацијата на границата со Јужна Кореја е експлозивна - блиску до војна.

Дипломатот истакнува дека Пјонгјанг се потпира на поддршката не само на Русија, туку и на целиот свет поради инцидентот со Јужна Кореја.

Амбасадорот нагласува на брифингот во Москва дека не Северна Кореја, туку САД и Јужна Кореја се заинтересирани за ескалација на тензиите на корејскиот полуостров и затоа тие треба да се однесуваат рационално.

Секоја година на Корејскиот полуостров се одржуваат премногу заеднички воени маневри на САД и Јужна Кореја.

Тие не кријат дека целта е подготовка за воена окупација на нашата земја за симнување на нашиот политички режим. Затоа сме принудени да ги зајакнеме силите за нуклеарно противење, истакнува уште севернокорејскиот амбасадор.

Ким Чжун вели дека Јужна Кореја извршила несовесна провокација, и истрелала кон полициските функции на Северна Кореја 36 артилериски гранати.

Тоа се случило под изговор дека Северна Кореја ја гаѓала територијата на јужниот сосед, што не било точно, коментира уште дипломатот.

Јужна Кореја, според него, не обезбедува јасни докази дека Северна Кореја прва почнала со пукањето. „Штом тврдат дека ние први сме пукале од југот, тие треба да кажат каде сме пукале, каде налетале на гранати, каков вид проектил сме користеле, но тие ништо такво не можат да кажат“, нагласува амбасадорот.

Според него, активностите на Јужна Кореја се провокација, која не може да биде простена. Северна Кореја набљудува како во Сеул се однесуваат на ултиматумот на Пјонгјанг и провокативно безумствено заслужуваат задолжителна казна, нагласува Чжун.

Потсетуваме во саботата во 11 часот (по македонско време) истекува рокот на објавениот од Пјонгјанг ултиматум за прекин на психовојната против Северна Кореја.

Во спротивно ќе започнат борбени операции за уништување на звучните уреди во демилитаризираната зона и за неутрализирање на евентуална реакција на јужнокорејските вооружени сили.

Амбасадорот Чжун ветува „неизбежна тврда реакција“ од страна на Пјонгјанг за неисполнување на ултиматумот.

Ситуацијата се влоши откако вчера севернокорејската страна отвори оган по звучниците лоцирани на територијата на Јужна Кореја на границата меѓу двете земји, кои емитуваат пропагандни апели насочени кон Северна Кореја.

Сеул не задоцни и одговори на огнот, по што следеа билатерални заповеди за доведување на армиите во состојба на готовност.

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар