20 Декември, 2025
0.0461

Северна Кореја упати закани до Белата куќа

Објавено во: Свет 21 Декември, 2014 19:47

Добивај вести на Viber

Северна Кореја денеска и се закани на Белата куќа дека ќе возврати доколку Вашингтон спроведе санкции за наводните хакерски упади. Највисоката севернокорејска воена администрациска Комисија за национална одбрана (НДЦ) повторно ја негираше вмешаноста во хакерскиот упад во компјутерската мрежа на компанијата „Sony pictures“ поради што е одложена премиерата на филмот „Интервју“ за кој Пјонгјанг смета дека се исмева лидерот Ким Џонг Ун. Американскиот претседател, Барак Обама, во саботата потврдил дека Северна Кореја е одговорна за упадот. НДЦ во соопштение, кое го пренела севернокорејската новинска агенција КЦНЛА, соопштила дека војската и народот се „потполно подготвени за судир со САД на сите воени простори“, вклучувајќи ги тука и сајбер просторот“. „Нашата најостра провокација ќе биде преземена против Белата куќа, Пентагон и целото американско копно, отпадна јама на тероризмот, која ќе ја надмине „симетричната контракција“ која ја наведе претседателот на САД, Барак Обама“, се истакнува во соопштението. Северна Кореја, која и претходно им се закануваше на САД, ја обвинила администрацијата на Обама дека е „длабоко одговорна“ за настанувањето на комедијата „Интервју“, чија цел е фикциска завера за атентат врз Ким. Пјонгјанг повторно ја пофалил „коректната акција“ на хакерската организација, која себе си се нарекува „Чувар на мирот“, но тврди дека нема податоци каде е седиштето на оваа група.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја