20 Декември, 2025
0.0356

СЕВЕРНА КОРЕЈА: Уште една загатка за западните земји! Што сака Ким Јонг-Ун сега?

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2014 19:28

Добивај вести на Viber

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун со недели беше предмет на нагаѓања зошто се повлече од јавните настани и мистериозно исчезна. Но, сега кога одново се врати, нова мистерија ги мачи западните земји, а е поврзана со потезите на владетелот на Северна Кореја. Имено, со неколку дипломатски потези тој успеа да го изненади американскиот Стејт департмент. Северна Кореја ненадејно испрати свои претставници на затворањето на Азиските игри во Јужна Кореја. Исто така, Ким Јонг - Ун испрати еден висок пратеник во ЕУ и еден во Њујорк за да покаже дека е за дијалог и човекови права. Овие потези, според аналитичарите, даваат навестување дека по две и пол години воинствена реторика младиот севернокорејски лидер сега има намера да се приближи кон САД и сојузниците. Во средата исто така беше објавено дека Ким Јонг-Ун лично наредил да се ослободи американскиот турист Џефри Е. Фаули, уважувајќи го барањето на американскиот претседател Барак Обама. Со оглед на тоа што Обама следниот месец оди во посета на Кина, ваквиот гест се гледа како „маслиново гранче на мирот“. „Ким Јонг-Ун сака да покаже дека сака промени бидејќи вака веќе не оди“, вели Џозеф ДеТрани, поранешен оперативец на ЦИА задолжен за Северна Кореја. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека се подготвени на вакви гестови на добра волја, но оти главниот услов останува ист - Северна Кореја мора да се откаже од нуклеарното вооружување.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја