СЕЗОНСКИ ГРИП НЕМА, ВАКЦИНИТЕ СЕ ТУКА: Ковид има сè повеќе, но „паксловид“ нема
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2023
Периодов
матичните лекари регистритаат сè поголем број на респираторни инфекции. Велат
дека најголем број од пациентите, оние кои прават тестирања за Ковид-19, се
позитивни на корона вирусот, додека кај останатите дијагностицираат други горно
и долнореспираторни заболувања. Иако, како што велат, засега нема пациенти кај
кои е потврден сезонскиот грип, добро е здравствениот систем да биде навреме подготвен.
Во одговори за Фактор, Министерството за здравствопотврди дека за оваа година веќе се набавени вакцините против сесонската инфлуенца и тоа за 50% поголема количина. Вакцинацијата почнува во средина на октомври.
-Вакцините против сезонски грип се веќе набавени и вакцинацијата е предвидено да почне кон средината на месец октомври, согласно препораките. Станува збор за 60 илјади дози од четиритипна вакцина. Со бесплатната вакцинација против сезонски грип ќе бидат опфатени следните ризични групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита на стари лица, посочуваат од Министерството за здравство.
Истовремено, за останатите граѓани кои не припаѓаат на ниту една од ранливите групи, а сакаат да се заштитат од сезонскиот грип, во Центарот за јавно здравје Скопје ќе бидат на располагање 1.500 вакцини.
Во изјава за Фактор, директорот на ЦЈЗ-Скопје, д-р Бесим Зекири истакна дека кај нив ќе има и пункт на кои што ќе има извесна доза од бесплатните вакцини.
-До средината на октомври ќе ги имаме вакцините и ние сме веднаш подготвени да почнеме со аплицирање. На располагање ќе бидат 1.500 комерцијални вакцини наменети за оние граѓани кои не може бесплатно да ја примат, а сепак сакаат да бидат имунизирани против сезонската инфлуенца. Годинава сè уште немаме информација колку ќе чини комерцијалната вакцина, лани беше 800 денари. Она што би сакал да истакнам е дека најдобро е оваа вакцина да се прими во октомври бидеќи организмот ќе има време да создаде имунитет до периодот кога се појавува сезонскиот грип. Инаку, вакцината против сеознски грип е од францускиот производител „Пастер“, истакна директорот на ЦЈЗ-Скопје, д-р Зекири.
И додека вакцините за сезонски грип се навреме набавени од страна на Министерството за здравство, реакциите на јавноста во однос на лекот против Ковид-19, паксловид, за кој воопшто не е направена нарачка, не стивнуваат.
Информацијата од Комисијата за заразни болести дека на минатиот состанок на КЗБ е разгледана состојбата со достапните лекови и дека инфектолозите сметаат дека има различни видови лекови за ковид во болниците и во доволни количини, уште повеќе ги разлути и граѓаните, но и епидемиологот Драган Даниловски.
По нивната изјава:
-Се планира формирање нова работна група, главно од клиничари, кои ќе дефинираат дали треба да се набават дополнителни лекови, по што во следниот период ќе се знае дали листата ќе се прошири, професорот Даниловски директно и остро прашува:
Дали сте, бре, нормални? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави Паксловид?
Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на КОВИД-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи?
Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два?
Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта?
Кој ќе сноси одговорност за тоа, напиша професорот Даниловски во последната објава на Фејсбук.
Анита Буховски
ФОТО: CDC* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.