Шахпаска: Субвенциите за вработување ќе се делат според тоа колку се застапени етничките заедници во земјата
Објавено во: Економија 03 Март, 2021 12:57
Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, денеска појасни дека вчера на владината седница било договорено субвенциите за правична застапеност на вработувањата по етнички критериум во приватните компании всушност да се распределуваат процентуално онолку колку што изнесуваат етничките заедници во земјата.
Во оперативниот план за 2021 на Агенцијата за вработување се предвидени 25 милиони евра за стимулирање на вработувања во приватниот сектор и тие, според она што го вели министерката, треба да се распределат според етничката структура во земјата и според принципот на рамномерен развој, односно да се дадат повеќе субвенции во оние региони кои се помалку развиени.
- Ова е потврда на принципот на инклузивност и диверзитет согласно меѓународни стандарди Со вицепремиерот Артан груби сакавме да го пресликаме општеството во овие мерки. Значи, рамноправно учествои, меѓутоа во услови кога имате припадници од различни етнички групи, нивната репрезентативност да биде на ист начин како што тие се застапени во општеството, појасни Шахпаска.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




