20 Декември, 2025
0.0809

Шаќири: Штрајкот не е основ за скратена наставна програма

Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 10:22

Добивај вести на Viber

Јетон Шаќири, министерот за образование, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека на вчерашниот состанок со СОНК било разговарано и за надоместување на нереализираната наставна програма за време на штрајкот на просветните работници.

- Во овие четири неработни денови има голема нереализирана програма и наставни материјали кои треба да се надоместат. Ова беше една од дискусиите на вчерашниот состанок. Побарав од СОНК како тоа да се надомести, го знаеме уставното право на децата да имаат настава, реле Шаќири.

Министерот додава дека во законот не постои такво нешто дека штрајкот е основ за скратена програма на настава.

- Ако има таква можност јас тоа би го предложил во Бирото за развој на образование, наведе Шаќири.

Тој им порача на членовите на СОНк дека децата не треба да бидат заложници на штрајкот и дека по донесените пакети со мерки од страна на Владата, наставниците не се во позиција да бараат зголемување на плати во услови економските движења се неповолни.

- Решавањето треба да биде системско со закон, а не на основа на барања на зголемувања  секоја година, смета Шаќири.

Ккао што вели тој, од штрајкот најмногу ќе загубат матурантите кои сакаат да се запишат на странски универзитет.

- Во процесот има наставници кои реализираат настава и тие се од 10 до 20 отсто. Има училишта во Град Скопје кои целосно се во образовниот процес, тие што држат настава и тие што имаа скратена програма како да се искоординираат?, прашува министерот. 

Упте еднаш повтори дека за исполнувањето на барањето на просветните работници, ќе бидат потребни повеќе од две милијарди денари до крајот на оваа година и додаде дека е неблагородно во овој момент да се зборува дали наставниците ќе загубат дневници поради прекинот на работата.

- Тоа е поврзано системски, синдикатитеиспраќаат до директорите списоци, кои треба потоа да достават до општините, но не треба да се влегува во таква дискусија за доброто на процесот. Раководството на синдикатот од почетокот требало да ги извести членовите пред 11 април за тоа, изјави Шаќири..


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки