23 Ноември, 2024
0.0184

Шефот на Наполи: Агентите се ракот на нашето царство

Објавено во: Спорт 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, зборуваше против фудбалските агенти и практиката тие да земаат пари за трансакциите за фудбалери меѓу клубовите.

Италијанецот имаше обраќање на тема бизнис конференција на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон и ја сподели својата цврста позиција дека клубот од Неапол привлекува само играчи чии права не се врзани со менаџерски агенции.

- Знаете дека тоа е ракот на нашето царство. Не разбирам зошто фудбалерите имаат потреба од агенти. Во Холивуд актерот плаќа сам. Јас не плаќам на агент. Менаџерите се нешто како данок и понекогаш тие сакаат да им се плаќа однапред. Склучуваат договори за пет години, а сакаат да ги земат сите пари за само две-три години, изјави Де Лаурентис, кој е филмски продуцент.

- Зошто е сето ова? Затоа што кога тие конечно ќе си ги добијат парите и ги полудуваат нашите фудбалери. За време на преговорите им велат на играчите дека некој им дава два милиони повеќе, објасни уште Де Лаурентис.

Во јули Наполи го продаде аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин на шампионот Јувентус за 90 милиони евра.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.