Шекеринска со колеги од Словачка и Канада денес панелист на форум во Братислава
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021
Заедно со колегите министри за одбрана, Радмила Шекиринска денеска ќе биде панелист на форумот GLOBSEC во Братислава.
Таму, министерката ќе има средба со словачкиот министер за одбрана Јарослав Над.
Во фокус на форумот тема ќе биде “НАТО 2030 – како дотаму” односно улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на новите предизвици за евроатлантската безбедност.
Покрај Шекеринска збор на панелот ќе земат и Јарослав Над и Харџит Саџан, министрите за одбрана на Словачка и Канада.