18 Декември, 2025
0.0535

Ексклузивно: Шел влегува на македонскиот пазар

Објавено во: Економија 21 Декември, 2020 07:36

Добивај вести на Viber

Познатиот бренд Shell (Шел) влегува на македонскиот пазар. Една од неколкуте безниски станици, како што дознава Фактор, кои е предвидено да се изградат во земјава веќе е во завршна фаза на изградба, а ќе биде оперативна наскоро на новата делница од автопатот Демир Капија - Смоквица. 

Брендот во земјава влегува впрочем преку Бест веј оил (Best way oil), компанија која веќе има три бензински станици во земјава - две во Гевгелија односно Смоквица и една во скопска Пинтија. На интернет страницата на Бест веј оил веќе стои дека наскоро ќе бидат отворени бензиски пумпи на нови локации кои ќе работат под брендот Best way oil, Shell coral A.E.

Компанијата Бест веј оил е дел од Бест веј инвестмент групацијата (BWI) зад која стои бизнисменот Сашо Мијалков. Во портфолиото на Бест веј инвестмент освен Бест веј оил се и Девелоп груп, хотел Мериот, Max Bet, ОМ петрол, Поинт оил транспорт, Боречки клуб Јордан Мијалков.

Инаку Coral е грчка компанија која има 760 пумпи кои оперираат под брендот Shell во Грција. Компанијата оперира и во Кипар, а од 2018 година е присутна и во Србија односно има бензинска пумпа Shell  во Белград.

Best Way Investment ДООЕЛ пак е компанија основана во 2015-та година. На интернет страницата стои дека главниот фокус се нафтатаугостителството и хотелиерствотоигрите на среќатранспортот и развојот на инфраструктурата

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?