18 Декември, 2025
0.0420

Shell ќе бара нафта во Босна – инвестира 700 милиони долари

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2013 08:46

Добивај вести на Viber

Shell ќе добие концесија за истражување на нафта на подрачјето на Босна и Xерцеговина, а во целиот проект подготвена е да инвестира 700 милиони американски долари. Министерот за индустрија и енергетика на федерацијата БиХ Елдар Трхулј ја потврди информацијата најавувајки го почетокот на преговорите за доделување на концесијата во Февруари идната година. - Потпишувањето на конечниот договор може да се случи на крајот на идната 2014та година, вели Трхулј. Според неговите тврдења, веднаш по тоа се очекува стартот со работа на бушотините, а властите во Босна и Херцеговина планираат да потпишат договор за експлоатација на нафта со Shell на 25 години. Овој нафтен гигант на властите во БиХ им испратил писмо во кое ги изразил интересите за преговори за доделување на концесија за истражување и експлоатација на наоѓалиштата на нафта. Притоа во писмото назначиле дека се посебно заинтересирани за подрачјето на Динарида. Ова според властите во Босна и Херцеговина е прв случај на сериозен инвеститор во овој бизнис. Федералната влада минатата недела дала начелна согласност за водење на преговори за доделување на концесијата. Истражувањата би се изведувале на потегот од северозападот на БиХ преку Бихаќ, Дрвар кај Мостар во правец на Метковиќ. Се претпоставува дека залихите на нафта на подрачјето на Динарида, кое ја минува и границата со Хрватска, се кријат на длабочина помеѓу четири и осум илјади метри. За да се открие барем едно наоѓалиште потребно  е да се направат барем три бушотини, а за секоја од нив Shell ќе треба да издвои по 75 илјади долари. K.K.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии