15 Декември, 2025
0.1325

ШЕСТ ЛИЦА ВОЗЕЛЕ ПИЈАНИ, А ЕДНО СО ПРЕГОЛЕМА БРЗИНА - сите се уапсени, МВР изрече над две илјади казни за четири дена

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2025 11:12

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатите четири дена уапсени се седум лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопштува Министерството за внатрешни работи. Воедно посочуваат дека во истиот период напишале дури 2.415 сообраќајни прекршоци.

- Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле седум лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, а едно лице за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место - посочуваат од МВР. 

Потоа додаваат дека според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 824 прекршоци за неправилно паркирање, 270 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 16 санкции за минување на црвено светло, изречени се 175 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 23 санкции за возење под дејство на алкохол.

- Санкционирани се и 115 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 79 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 74 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 25 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за седум возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта - се нагласува во соопштението на МВР. 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“