19 Декември, 2025
0.1309

Шест загинати на истокот во Украина

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2015 13:53

Добивај вести на Viber

Шест лица, меѓу кои четворица војници и двајца цивили, загинаа во послените 24 часа во борбите што се одвиваат во истокот на Украина, пренесуваат тамошните медиуми. „За 24 часа загубивме четворица војници, а осум се повредени“, истакнал портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, на конференција за новинари. Ова е најголем број настрадани украински војници од деветти декември од кога беше склучено ново примирје на истокот во земјата. Лисенко денес ги обвини проруските борци дека постојано провоцираат и дека со минофрлачи и ракетни врлачи град гаѓаат позиции на украинската војска. Градската управа на Донецк, упориште на проруските бунтовници на истокот во земјата, од своја страна соопштила дека двајца цивили се убиени, а седум се повредени во артилериски напади на војската врз северозападните квартови на градот. Исто така од таму наведуваат дека бил уништен и голем број згради. Паралелно на меѓусебните пресметки се водат интензивни дипломатски активности за обновување на мировниот процес на истокот во Украина каде во судирите од април убиени се повеќе од 4.700 лица. Украинскиот претседател, Петро Порошенко, кон крајот на декември објави дека на 15 јануари во Астан, главниот град на Казакстан, ќе се одржи состанок на кој ќе присуствува и неговиот руски колега во присуство на францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка, Ангела Меркел. Меркел во четвртокот рече дека се уште нема официјална потврда за овој датум, а еден украински претставник соопштил дека министрите за надворешни работи на четирите земји денес треба да разговараат по телефон.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела