Добивај вести на Viber
Австрија, Германија, Данска, Полска, Кипар и Холандија, ќе мора да вратат околу 46 милиони евра, бидејќи нивните производители ги надминале квотите за производство на млеко за периодот помеѓу 2011 и 2013 години, објави Европската комисија.
Европската унија уште во 1984 година вовела квоти за производство на млеко, со цел да се спречи вишокот на производство. Поради зголемување на побарувачката на светскиот пазар, системот на квоти ќе биде укинат од 1 Април 2015 година.