ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе Радовиш
Објавено во: Финансии 08 Јуни, 2024
Земјотрес е регистриран во Македонија. Потрес со јачина од 2,8 степени според Европската сеизмолошка скала е регистриран во источниот дел на Македонија во 11:59 часот.
Земјотресот е со епицентар на 17 километри северо-источно од Радовиш, на длабочина од 10 километри. Потресот го почувствувале луѓето во околината на Берово, Пехчево и Кочани. Неодамна слаб земјотрес имаше и во Скопје. Потрес со јачина од 2.5 степени на 28 мај е регистриран во главниот град.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.