18 Декември, 2025
0.0483

Шилегов набавува 40 еко-автобуси за 10 милиони евра, ЕБОР вели може околу 50 за истите пари

Објавено во: Економија 13 Јули, 2018 06:50

Добивај вести на Viber

Со кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони евра Скопје догодина ќе добие 40 нови автобуси на природен гас, најави пред десет дена градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција, но кредиторот, соопштувајќи го официјално договорот на 12 јули, објави дека за истите пари може да се купат околу 50 еко-автобуси со придружни објекти.

„Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје има намера да ги искористи средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој [ЕБОР) за проект за делумно обновување на автобуската флота, преку снабдување со автобуси на природен гас. 

Предложениот проект, кој има проценета вредност од 10 милиони евра, ќе бара набавка на следните стоки, работи и услуги:

Набавка на околу 50 CNG автобуси и придружни објекти

Тендерот за горенаведените договори се очекува да започне во втората половина на 2018 година.

Договорите што треба да се финансираат со приносите од заем од Банката ќе бидат предмет на Политиките и правилата за набавки на Банката и ќе бидат отворени за фирми од која било земја. Приносите од заемот на Банката нема да се користат за плаќање на физички или правни лица или за увоз на стоки, доколку таквото плаќање или увоз е забрането со одлука на Советот за безбедност на Обединети Нации“, се вели во соопштението.на ЕБОР.

Инаку, кредитот ќе биде со каматна стапка од 1 отсто, 3 години грејс период и 7 години рок на отплата. Тендерот ќе биде распишан на есен а до крајот на годинава се очекува да биде избрана фирмата од која ќе бидат набавени. Предвидено е 2​/3 да бидат зглобни нископодни со капацитет за 150 патници, а остатокот единечни. 

Од вчера официјално ја почнавме постапката за набавка на 40 нови еколошки автобуси на гас кои ќе го променат јавниот транспорт во градот и нема да ја загадуваат околината. Управниот одбор со поддршка на ЈСП и Град Скопје ја почна постапката за добивање кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони евра - рече објави градоначалникот Шилегов.

Според проценките на Градот и ЈСП„Скопје“ заштедата која ќе ја има претпријатието со новите автобуси на гас споредбено со кинеските дизел е 60 евра од еден автобус дневно, односно годишно со набавката на 40 автобуси ќе се заштедат од 700.000 до 900.000 евра.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа