Шќип Медиа: „Вива Фреш“ го купува „Тинекс“ за 90 милиони евра?
Објавено во: Економија 20 Септември, 2022 20:19
Косовскиот малопродажен гигант „Вива Фреш“ постигна договор со македонскиот трговски синџир „Тинекс“ во сопственост на семејството Владимир Тодоровиќ, ексклузивно дознава порталот Shqipmedia.
Вредноста на купопродажниот договор се вели дека е некаде околу 90 милиони евра, додека продажбата се очекува да биде потпишана и официјализирана во наредните денови.
Косовската компанија „Вива Фреш“ го поседува и синџирот супермаркети „Кит Го“, чија продажба беше официјализирана минатата година. Со купувањето на компанијата „Тинекс“, компанијата „Вива Фреш“ ќе биде лидер во продажбата на мало во Македонија.
Според извори на Shqipmedia , „Вива Фреш“ преговара и со уште една мрежа на супер маркети, но се уште нема конечен епилог од овие разговори.
„Фактор“ стапи во контакт со директорот на „Вива Фреш“ за Македонија, Беким Беќири, кој ги демантираше информациите.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




