05 Декември, 2025
0.3241

Шкорпијата е опасна, Вагата убавица, а овој знак е „двe во едно“

Објавено во: Општо 04 Септември, 2016 17:51

Добивај вести на Viber

Стаува збор за хороскопскиот знак Овен.

Секогаш се радува на новите предизвици и едвај чека да започне новиот ден за да види што ќе и донесе. Сепак, поради својата нетрпеливост склона е да премине на нов предизвик пред да го заврши докрај претходниот.

Припадниците на овој знак се оптимисти, а често може да видиме како се борат за правата на другите, но и за подобра иднина за себе. Како и сите други и Овните имаат маани, а најчесто тоа се егоизмот, тврдоглавоста и љубомората.

Љубов

Во љубовта е многу страствена. Во љубовните игри сака да преземе иницијатива и да биде таа која ќе ја заведе другата страна, а исто така ситните кавги и препирки ги доживува како предигра за секс. Често е магнет за мажите кои овие жени ги доживуваат како интензивни и интригантни. Освојувањето на жената Овен неретко е предизвик. Кога е заљубена, жената Овен се чувствува најжива и се во нејзиниот живот станува екстремно. Во врска не сака да се чувствува потчинета, но повремено покажувањето љубомора не е на одмет, бидејќи жените Овен сметаат дека тоа е знак дека партнерот знае колку таа вреди.

Романтиката не и е неопходна, но вниманието на патнерот да. Жените Овен се меѓу ретките жени кои знаат да ја одвојат љубовта од сексот. Некогаш и е полесно да се изрази сексуално отколку емоционално. Во сексот се отсликува нејзиниот авантуритички дух – обожува да пробува нови пози и нови места за секс.

Пријателство

Како и во љубовта, жената Овен може во еден момент да донее возбуда и хаос, а во наредниот веќе да ја нема.Пријателствата со Овен често се интензивни, па и тогаш кога не траат долго, но жената Овен секогаш има пријатели за цел живот. Практикува да има широк круг пријатели, бидејќи константно ги менува интересите и нејзиното темпо не можат сите да го следат. Другите ги привлекува поради дозата на опасност и непредвидливост кои ги носи со себе како втора кожа.

Сепак, пријателите некогаш тешко ја разбираат нејзината сино изразена независност, а пријателките поради овие нејзини особини знаат да и позавидат.

Жените Овен секогаш гарантираат забава.

Изглед

Тие имаат фокусиран поглед, неукротлива коса, виоко изразено чело и помлку агресивен став. Главен дел на телото е главата, која чето е издолжена, а во пределот на очите пошитока, додека пределот кај брадата најчесто е покус. Нејзин заштитен знак се истакнатите и густи веѓи. Вратот исто така им е издолжен, а рамената силни и широки. Тие најчесто се со среда висина и прилично мускулето тело. Очите им се смеѓи или сиви, а кожата со многу добра текстура.

Стил

Обожуваат да привлекуваат внимание, а како подобро ќе привлечете вниманите отколку со огнената црвена боја. Црвената боја рефлектира чиста, сирова енергија и живост на духот кој го поседува Овенот. Перфектно изгледа во кожени парчиња облека, сака светкави и сјајни парчиња облека, а нејзин заштитен камен е дијамантот, кој е синоним за сила, невиност и чистина, кои се главни карактеристики на жената Овен. Многу и е важно да биде фит, па затоа често можете да ги видите како вежбаат, а бидејќи се спортски типови добро им стои и спортска облека. Сакаат едноставни фризури за кои е потребно малку време.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: