Шкотските полицајки муслиманки можат да носат хиџаб
Објавено во: Економија 25 Август, 2016 13:59
Во Шкотска има официјално одобрение за полицијата за носење на хиџаб.
Оваа мерка е со цел вклучување на муслиманките во редовите на полицијата. Претходно шкотските полицајки муслиманки можеа да носат шамија откако ќе станеа началнички.
„Хиџабот ќе стане можен додаток на униформата. Целта е да се убедат муслиманките, кои досега размислуваа за кариера во полицијата, да ја преиспитаат одлуката“ - стои на интернет-страницата на шкотската полиција.
Полицајките во Лондон, во Манчестер и во други британски градови повеќе децении имаат право да носат хиџаб.
И Канада во вторникот дозволи носење на хиџаб за припадничките на федералната полиција.
Во последниот месец Франција е ригорозна и забранува на муслиманките да носат муслимански костими буркини на плажа, за што следуваат казни или во крајна линија апсења.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




