26 Април, 2024
0.0253

Шлајка

Објавено во: Колумни 01 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

                                          

Блазе си им на нашите деца-Панасоник најави најнова генерација Плеј-стејшн.Ќе има војни на световите и пресметки со терористите желни да го уништат светот,колу сакаш.А јас да сум,како што не сум, под итно би направил игра Шлајка!

Наградно прашање за читателите:што значат и од каде потекнуваат зборовите-шлајка,сујка-мор,ренту-туријан,так се мааш,тепка,контрук...?Сите и уште некои,за кои веќе не можам да се сетам,се термини од дамнешнета игра на многу генерации скопјани-џамлии.Таа сега е веќе изумрена,не постои,од проста причина-нема терени за игра,но и деца кои би ја играле со интерес,барем приближен како нашиот од пред половина (и повеќе) век.

Претпоставка за успешна изведба на играта е земјен терен-тротоар,чистинка во маало,задолжително под дебела сенка или настрешница,а и бандера со жмиркава сијалица за ноќни натпревари. И секако џамлии.Ги имаше најразлични и во најразлична големина.Главно се носеа од странство, а по отворањето на југо-пазарот и од Кина и Кореја и од каде уште не.Беа стаклени,но имаше и порцелански и пластични, а знаевме да користиме и железни(лагери од возила,таканаречени гвозденци).Секој џамлиџиија што барем малку држеше до углед и реноме,имаше своја џамлија со која победуваше-таканаречен коњак(демек победнички стакленец,како коњ што секогаш е прв на трките).За игра беа потребни барем двајца со потребен реквизит.

Најчесто се играше на шлајка-отвор длабок неколку сантиметри издлабен со петица од чевлите(изведувачот на шлајката прави пируета вртејќи се неколку пати околу себе на пета).Во зависност од големината на теренот,но не премногу блиску до култниот отвор се црта права линија за одредување на предимство во играта-кој ќе биде најблиску до цртата тој игра прв.За успешен почеток на играњето потребно е првин да се погоди шлајката,а потоа играчот клекнат со посебна техника на држење на стаклениот реквизит изведува удар гаѓајќи ги џамлиите на противниците со удари што веќе ги спомнав во почетокот на текстов.Се игра за престиж,но и на ќар,што би се рекло-го „истребуваш“ противникот откако ќе го погодиш неговиот коњак,а тој е должен да ти даде џамлија.Имаше денови,кога ќе ти тргне(од палецот и показалецот) кога дома си одиш со полн џеб набабрен и растропан од ќарот,а ти задоволен,но и по малку неспокоен како ќе ја сокриеш дланката извалкана од долготрајното играње со стакленците,но и истутканите панталони од клекнатата долготрајна положба.Мајката ја играше улогата на заштитник на детскиот морал,но и на образовниот систем(играш џамлии, а не си напишал домашно,ниту си ја научил наизуст песничката за утре сабајле).Неретко ќе заиграше и Мирко(дреновото стапче како инструмент на педагогијата).Се играа џамлии до некоја возраст-а потоа доаѓаат фанта и кладење(две -све и три- све),чиф-тек со сликички на ќар,а какао круна на уличната школа на детски игри се доаѓа до играње карти по жбуновите и на плажите на Вардар(најчесто глад,бељот и реми)...покерот доаѓа на самиот крај,некеко како матурска тема или дипломска работа.

Џамлиите изумреа,а сегашниве деца делкаат холдем покер уште непроодени.... 


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД