15 Декември, 2025
0.0311

Шмигал вети дека ќе ја внесе Украина во ЕУ во следните две години

Објавено во: Свет 29 Септември, 2023 18:17

Добивај вести на Viber

Украинскиот премиер Денис Шмигал вели дека ќе ја внесе земјата во ЕУ за две години.

Рече дека Украина не сака да биде членка на ЕУ од втор ред.  Шмигал во изјава за „Политико“ изјави дека целта на Украина е „да стане полноправна кандидатка за полноправно членство“ во ЕУ. Шмигал вети дека ќе ја внесе својата земја во Унијата во следните две години.

„Вложуваме максимални напори за да обезбедиме Украина да стане полноправна членка на ЕУ. Ова е од критично значење за сите Украинци“, рече Шмигал.

Европската комисија има рок до крајот на октомври да ги оцени напорите на Киев.

„Сакаме да бидеме полноправна членка бидејќи денес Украина е единствена земја… која плати огромна цена за тоа што сака да биде членка на ЕУ“, рече Шмигал.

Тој нагласи дека повеќе од 90 отсто од Украинците сакаат нивната земја да биде полноправна членка на Унијата.

Тој додаде дека Украина ги исполнила сите седум услови на Европската комисија од јуни 2022 година за преминување во следната фаза од процесот на пристапување.

Шмигал рече дека украинската влада оваа недела усвои резолуција која вклучува признавање на правата на националните малцинства. Набљудувачите велат дека тоа е понуда на „маслиново гранче“ на Будимпешта, која имаше забелешки за третманот на етничките Унгарци во Украина. Украина сака да биде и дел од НАТО. И соседната Молдавија се стреми да влезе во ЕУ. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари, а руските власти изјавија дека војната ќе трае до 2025 година. 

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса