15 Декември, 2025
0.0421

ШОЈГУ НАРЕДИЛ АПСЕЊЕ НА ВАГНЕРОВЕЦ СРЕДЕ МОСКВА - распад во руската војска, Путин почнал да се занимава со неистомисленици?

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2022 13:41

Добивај вести на Viber

Долго време се шпекулира дека руската Армија која го носи симболот Z е распарчена од раскол во највисоките чинови. Една од потврдите дека сè не е во најдобар ред меѓу рускиот претседател Владимир Путин и највисоките функционери дојде утринава од Москва, каде беше уапсен еден од водачите на групата Вагнер, Алексеј Слободенјук, а наводно налогот за апсење бил издаден од министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

Видеото од неговото апсење стана вирално и многумина веруваат дека ова апсење покажува дека Путин почнал да се занимава со неистомисленици, а дека и оние кои се на самиот врв на воената хиерархија не се недопирливи.

Неговото апсење наводно го наредил моментално најкритикуваниот член на руската влада - министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Инаку, Слободенјук е вработен и во медиумската група „Патриот“, која ја води мрежата на каналот „Телеграм“ и е позната по критиките на Шојгу, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и други. Токму тоа на интернет се наведува како причина за апсењето.

„Пропагандистот на Пригожин кој го напаѓа Шојгу на Интернет беше уапсен во Москва од СОБР Росгварди. СОБР се многу лојални на Путин. Дека ова апсење не го извршила ФСБ, како што би очекувале, укажува на внатрешна борба за моќ и недоверба меѓу службениците“, се вели во видеото од апсењето.


Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса