Добивај вести на Viber
Банката на Шпанија денеска предупреди дека земјата која е погодена од рецесија можеби нема да успее да ја исполни целта за намалување на буџетскиот дефицит за оваа година поради „многу неповолниот“ економски контекст, откако таа цел е надмината и во 2011 година.
- Намалувањето на буџетскиот дефицит оваа година се одвива под многу неповолни економски и финансиски услови, изјави гувернерот на Банката на Шпанија, Луис Марија Линде.
Владата во Мадрид со цел намалување на буџетскиот дефицит воведе мерки на штедење, кои имаат за цел меѓу 2012 и 2014 година да се заштедат 150 милијарди евра, но Линде предупреди дека тоа можеби нема да биде доволно.
Шпанија, четврта по големина економија во рамки на еврозоната, лани значително ја надмина целта на буџетскиот дефицит, па за една година заврши во минус од 9,4% БДП наместо ветените 6%.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.